Ковид-19

Клуге: Омикрон може да стави крај на пандемијата на Ковид во Европа

24.01.2022 13:59

Почетокот на новата фаза во пандемијата на ковид-19, а можеби и нејзиниот крај.

Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа, изјави шефот на европскиот огранок на светската здравствена организација, Ханс Клуге.

Истакна дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата, како и дека до март 60 насто од европејците би можеле да бидат заразени со Омикрон.