свет

ОАЕ уништи два проектила насочени кон Абу Даби

24.01.2022 14:23

Според Министерството за одбрана, остатоци од проектилите паднале во неколку области на емиратот.

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека биле уништени два проектила истрелани од бунтовниците Хуси од јеменското движење Ансар кон Абу Даби.

Според министерството за одбрана, остатоци од проектилите паднале во неколку области на емиратот Абу Даби. Нема информации за жртви или повредени.