Пожар во Битола

Пожарот во поранешното „Жито Битола“ целосно локализиран

24.01.2022 14:49

Големиот синоќешен пожар кој избувна во поранешниот мелничко-пекарски гигант „Жито Битола“ целосно е локализиран. Додека се утврдува висината на материјалната штета историчарите уште синоќа со жестока реакција за тоа колку државата води сметка за заштита на културно историското наследство од отоманскиот период, Велат објектот е стар 120 години и бил изграден од тогашниот Исмаил Бег.

По неколку часа од избувнувањето на пламените јазици синоќешниот пожар беше ставен под контрола а од пред полноќ и целосно локализиран. Од ТППЕ велат дека и утринава на местото поради превентива се дежура со едно возило и неколку пожарникари. Старата зграда на некогашното Жито Битола речиси целосно е пеплосана. Ќе треба подолго време да се утврди точната материјалната штета. Таа можеше да биде значително поголема доколку не спречевме проширување на пожарот во другите објекти велат пожарникарите.

За историчарите штетата е преголема ако се знае дека тоа е еден од најрепрезентативните стопански објекти во земјава кој датира од отоманскиот период. Бил изграден пред 120 години од тогашниот Исмаил Бег и важел за прв и најсовремен млин во битолскиот вилает и кој за целото време во историските премрежја ја имал функцијата на млин. Историчарите крајно разочарани од односот на државата кога е во прашање заштитата на ваквите објекти.

Бесценетиот културно историски бисер кој сведочеше за стопанскиот и економскиот развој од крајот на 19-наесетиот век од синоќа е само обична пеплосана руина. Овој непопуларен пример барем нека биде поука што и како понатаму со објектите кои се сведоци за нашето минато велат историчарите.

Стевче Митревски