Политика

Партиите со различни ставови за техничката влада

24.01.2022 15:20

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека поради кризните ситуации, Македонија не може повеќе да губи ниту ден, а не пак 100 дена техничка влада пред избори, која нема да реши ниту еден од проблемите на граѓаните.
Од СДСМ одговорија – добро е што ВМРО-ДПМНЕ признава дека во земјава има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори, но тајмингот е погрешен, бидејќи изборите ќе бидат во редовниот термин.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине пржинската влада и веднаш да се распишат предвремени избори, без 100 дена техничка влада. Партијата, заедно со коалициските партнери го достави предлогот во собранието. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека поради кризните ситуации, Македонија не може повеќе да губи ниту ден, а не пак 100 дена техничка влада пред избори, која нема да реши ниту еден од проблемите на граѓаните.

Од СДСМ одговорија – добро е што ВМРО-ДПМНЕ признава дека во земјава има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори, но тајмингот е погрешен, бидејќи изборите ќе бидат во редовниот термин. Социјалдемократите укажаа дека за укинување на техничката влада треба согласност од сите политички партии.

Од ДУИ велат дека не е добро еднострано да се предлага вакво решение, бидејќи тоа треба да го договорат сите страни коишто го потпишаа пржинскиот договор „не доликува на земја членка на НАТО да има техничка влада, ние не сме против укинувањето, но потребни се преговори и широк консензус“, рекоа од ДУИ.

Предлогот за техничка влада беше усвоен по преговорите во Пржино за надминување на политичката криза во 2015 година. Со него, најголемата опозициска партија добива две министерски места во внатрешни и труд и социјална политика и три дополнителни заменички места во ресорите финансии, земјоделство и во информатичко општество и администрација.

Игор Панов