Ковид-19

До крајот на неделата ќе се знае дали периодот на изолација ќе се намали

24.01.2022 15:54

Изолацијата за ковид позитивните пациенти да се намали од 10 на 7 дена, препорача комисијата за заразни болести. Последниот збор го има владата..

Епидемиолозите се за скратување на изолацијата. Епидемиологот Oлумчев вели дека мора да има правила на игра, затоа што не секој ќе биде работоспособен. Омикрон кој станува доминантен и дава полесна клиничка слика кај помладите, кај возрасните може да даде и посериозна симптоматологија и смртни случаи.

Доктор Oлумчев, вели бројката на заболени не е реална. Двојно, па и тројно е зголемен бројот на термини за тестирања за ковид – 19. Според него, тестовите од аптека се добра работа за брза дијагноза, но потоа пациентите не се пријавуваат дека се позитивни.

Во меѓувреме, пациентите со дијабет бараат ослободување од работа поради ковид – 19. Поради влошената епидемиолошка состојба, велат дека се потребни превентивни мерки за ослободување од работни и училишни обврски на сите хронично болни, особено на лица со дијабет.

Наташа Ј. Менковски