Земјоделство

Авансно финансирање на трошоците

25.01.2022 09:05

Имплементацијата се планира да почне кон средината на 2022 година кога ќе бидат објавени првите јавни повици. Вредноста на ИПАРД 3 е 97 милиони евра со можност да се зголеми.

Во новата европска седумгодишна ИПАРД 3 програма за инвестиции во земјоделството и руралниот развој се предложени уште 3 нови мерки. За органското производство, за локалните акциски групи и за советодавни услуги. Конечната верзија, од страна на Брисел, се очекува да биде одобрена до крајот на февруари.

Имплементацијата се планира да почне кон средината на 2022 година кога ќе бидат објавени првите јавни повици. Вредноста на ИПАРД 3 е 97 милиони евра со можност да се зголеми.

Предвидени се и три нови агроеколошки мерки, односно за органско производство, за локални акциски групи и за советодавни услуги во земјоделството.

Програмата има и новини од некои се веќе усвоени, а за другите се преговара. Една од позначајните за производителите, е авансното финансирање, односно повратот на дел од инвестицијата веднаш по аплицирањето без да се чека нејзината целосна реализација.

Методија Трајков