свет
Бајден: Целосна едногласност со сојузниците околу Украина
25.01.2022 09:29
Подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, соопштуваат од Белата куќа..

САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, соопштуваат од белата куќа.
Додаваат дека се целосно едногласни со европските лидери. Американскиот претседател Бајден со европските сојузници разговарал за „заедничките напори да се одбие руската агресија како подготовка за нанесување жестока економска штета на Русија и засилување на источното крило“.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека ќе му предложи на рускиот колега Владимир Путин начин како да се реши украинската криза.
