ИЈЗ: Зголемен е бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19
Речиси 30 проценти од направените тестирања биле позитивни, соопштија од институтот за јавно здравје.

Во периодот од 17-ти до 23-ти јануари регистрирани се 11.610 нови случаи на ковид-19, што е зголемување за 4,5 проценти во однос на минатата недела.
Речиси 30 проценти од направените тестирања биле позитивни, соопштија од институтот за јавно здравје. Најголем дел од новозаразените се од Скопје, а најголема неделна инциденца е регистрирана во Крушево.
Се забележува зголемување на заболени кај сите возрасни групи, но и понатаму најмногу кај лица на возраст од 30 до 39 години. Зголемен е и бројот на реинфекции 1.559.
Изминатава недела регистрирани се 97 смртни случаи, што е зголемување од 76,4 проценти. Како оздравени се регистрирани 7.627 пациенти. Комплетно вакцинирани се 841.143 лица, а трета доза вакцина примиле 122.752-ца.
