Рашковски седна на обвинителната клупа
Рашковски тврди дека доказите против него се собрани незаконски..

Поранешниот генерален секретар на владата драги Рашковски тврди дека доказите против него се собрани незаконски. Рече дека обвинителката на нејзиниот компјутер креирала пораки и ги прикажала како негова комуникација. До судот достави 20 дополнителни докази, а побара да биде сослушан и поранешниот министер за внатрешни Наќе Чулев.
За обвинувањата дека со незаконски стекнатите пари отплаќал кредити и ги полнел своите картички, Рашковски тврди дека парите всушност биле рефундирани од владата поради реализирани службени патувања кои потоа ги ставал на своја сметка за да ги покрие трошоците. Но, обвинителството тврди поинаку – има докази што ќе ја потврдат неговата вина.
На Рашковски му се суди за незаконско спроведување на 4 постапки за јавни набавки, меѓу кои систем за биометриска идентификација и софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот.
Според обвинителството, штетата во буџетот изнесува повеќе од 300 илјади евра.
Анита Д. Велковска
