Македонија

Значително намалена корупција во Македонија според Транспаренси Интернешнл

25.01.2022 13:57

Во светот Данска, Финска и Нов Зеланд со 88 поени и Норвешка, Сингапур и Шведска со 85 поени се водечките земји, но загрижува што и кај нив се бележи пад. Јемен, Венецуела, Сомалија, Сирија и Јужен Судан се на дното на листата.

Со четири индексни поени и скок од 14 позиции на листата за перцепција на корупцијата земјава бележи солиден напредок, покажа истражувањето на Транспаренси Интернешнл. Проекцијата е направена врз основа на заштитата на човековите права во однос на корупцијата, посочи Тасева.

Во регионот заедно со Косово сме лидери со високи 87 поени, најлошо стојат Албанија и Босна и херцеговина. Тасева посочува дека 39 поени во заедничкиот скор на источна Европа каде спаѓаме се сепак пониско од посакуваните 50 и затоа земјава треба да продолжи да се движи во оваа насока.

Транспаренси Интернешнл се одлучи да ја базира проценката врз основа на заштита на човековите права, додава Тасева бидејќи со коруптивни дејствија тие се нарушени.

Фиљана Кока