Македонија

Крводарителска акција во чест на Тоше

25.01.2022 14:25

На денот на неговиот роденден традиционално, младите го следат неговиот пример и даруваат крв. Овој ден е поттик и мотивација и за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.

Балканот го памети по ангелскиот глас, но Тоше беше познат и по неговата хуманост и солидарност. Беше заштитно лице и на кампањата за промовирање на крводарителството. На денот на неговиот роденден традиционално, младите го следат неговиот пример и даруваат крв. Овој ден е поттик и мотивација и за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.

Од почетокот на овие крводарителски акции до денес собрани се вкупно 5.000 единици од најскапоцената течност, нешто што укажува на тоа дека ликот, делото и споменот за Тоше не се заборавени, велат од Црвениот крст на град Скопје.

Директорот на Клиниката за трансфузиологија  вели дека во изминатите денови на оваа крводарителска акција се пријавиле околу 300 граѓани. Бројката би била поголема вели да не сме сред пандемија

Од Црвениот крст апелираат не само денес, крв може да се дарува на секоја друга крводарителска акција.

Александра Спировска