Македонија

Охридскиот градоначалник се соочи со кривична пријава

25.01.2022 15:36

На 19-ти месецов, двајцата се тестирале за коронавирус и наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето, истиот ден присуствувале на одбележувањето на празникот Водици, информираа од МВР.

Градоначалникот на Охрид Пецаков и секретарот на општината Александар Китески заработија кривични пријави, поради основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19-ти месецов, двајцата се тестирале за коронавирус и наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето, истиот ден присуствувале на одбележувањето на празникот Водици, информираа од МВР.

Охридскиот градоначалник тврди дека се тестирал заради патување во странство, а немал симптоми. Два дена по првиот тест, Пецаков повторно се тестирал и бил негативен на коронавирус.