Омикрон

Клиничко испитување на вакцина против Омикрон

26.01.2022 10:01

Вакцинираните имаат веројатност да бидат заразени со Омикрон, но сè уште не е јасно дали е неопходно да се сменат постоечките вакцини.

Компаниите Фајзер и Бионтек почнаа клиничко тестирање нова верзија на нивната вакцина, специјално направена за Омикрон варијантата на коронавирусот.

Вакцинираните имаат веројатност да бидат заразени со Омикрон, но сè уште не е јасно дали е неопходно да се сменат постоечките вакцини. Оригиналните вакцини сè уште нудат добра заштита од тешки болести и смрт.

Според истражувањата бустерот ја зајакнува оваа заштита и ги подобрува шансите за поблаг облик на инфекција.

Марина Ристова