Иран

Иран: Договор со САД само ако се укинат санкциите

26.01.2022 10:20

Иранскиот Министер за надворешни работи изрази подготвеност за директни разговори со Вашингтон за иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси смета дека постигнувањето договор со САД за нуклеарниот договор со светските сили е можно доколку се укинат санкциите против Техеран.

Еден ден претходно, иранскиот Министер за надворешни работи изрази подготвеност за директни разговори со Вашингтон за иранската нуклеарна програма.

Иран и светските сили Британија, Германија, кина, Русија и Франција, почнаа уште една рунда преговори во Виена за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Сад не се директно вклучени.

Марина Ристова