ГРОМ од Штип побара TВ соочување на претседателските кандидати

02.04.2014 23:07

Лидерот Стевчо Јакимовски од митингот во Штип наместо смешкање од реклами,  побара вистински дуел меѓу претседателките кандидати  –  на телевизија.
 
„Да видиме кој колку вреди. Ќе биде срамота за сите нас и за Република Македонија ако не гледаме нема најмалку два- три ТВ дуели“, рече Јакимовски.
 
Кандидатот за претседател Зоран Поповски на младите им порача да се откажат од сонот наречен јавна администрација да се свртат кон претприемништвото и да продаваат македонски производи.
 
„Да се откажеме од лажните вредности и тоа лажно парче хартија што се вика „партиска книшка“, рече Зоран Поповски.
 
Претседателскиот кандидат на ГРОМ од говорницата го поддржаа Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка и Слободан Угриновски од Титовите леви сили.
 
Весна Коловска