Ковид-19

Мемети: Скратувањето на изолацијата од 10 на 7 дена ке придонесе да нема голем застој во работниот ангажман на луѓето

26.01.2022 12:27

Капацитетот на институцијата што ја раководи е 2000 тестирања дневно и тоа со ПЦР метода за која, како што вели, е најрелевантна за детектирање на Омикрон.

Институтот за јавно здравје има доволно тестови за детекција на корона вирусот, а преку системот Мој термин се утврдува на кои пациенти ќе им биде земен брис, тврди директорот Мемети. Појаснува дека капацитетот на институцијата што ја раководи е 2000 тестирања дневно и тоа со ПЦР метода за која, како што вели, е најрелевантна за детектирање на Омикрон. Скратувањето на периодот на изолација од 10 на 7 дена за асимптоматските пациенти, според Мемети, ќе придонесе да нема голем застој во работниот ангажман на луѓето.

Засега во земјава нема најава за укинување на сертификатите иако според дел од експертската јавност се доведува во прашање нивната оправданост. Се случува вакцинирани и прележани пациенти да се заразат со Ковид-19.

Последните податоци покажуваат дека за 25 проценти е зголемен бројот на реинфекции во споредба со претходната недела, а смртноста за една седмица пораснала за дури 76 насто.

Анита Д. Велковска