Сообраќајна несреќа
Прегазен пешак кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје
26.01.2022 13:07
Според првичните информации, во него удрил автомобил во движење.

По сообраќајката кај сити мол, кога беше усмртена 24-годишна радовишанка, уште една тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Пред мостот „Гоце Делчев“, бил прегазен пешак.
Според првичните информации, во него удрил автомобил во движење. Полицијата врши увид.
Засега нема официјална информации за идентитетот на пешакот и за возачот што управувал со автомобилот.
