политика

Барањето за укинување на „пржинската влада“ прво на превод на албански јазик, а потоа пред пратениците

26.01.2022 14:48

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на укинување на пржинската влада и брзи предвремени парламентарни избори.

Предлогот на опозицијата за измени на законот за влада не доби зелено светло да биде точка за расправа на пленарната седница. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на укинување на пржинската влада и брзи предвремени парламентарни избори.

Спикерот Џафери појасни дека не се исполнети деловничките услови за да се стави предлог за измени на дневен ред бидејќи текстот не бил преведен и не бил доставен до пратениците. Според него сè уште постои простор да се разговара меѓу пратеничките групи, со цел на законската иницијатива да им се приклучат и партиите коишто се потписници на пржинскиот договор од 2015 година.

Според договорот од Пржино, 100 дена пред избори, опозицијата во владата добива две министерски позиции-во внатрешни и труд и социјала и три заменички во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.