Иванов: Нашата цел е Европа во Македонија и Македонија во Европа

02.04.2014 23:10

Знаеме што сакаме, знаеме што можеме, знаеме како, имам тим, имам програма, ми треба уште вашата поддршка, за заедно да работиме за Македонија, за сопствениот дом, за државата, оти државата ни е пред се, рече кандидатот за претседател на коалицијата „За подобра Макеоднија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, на митингот во Делчево. 

Потенцираше дека во изминативе години беа направени многу реформи, сите тие беа направени за доброто на граѓаните, за доброто на децата, за иднината на нашата држава.

„Нашата цел е Европа во Македонија и Македонија во Европа“, истакна Иванов.

Претседателскиот канидат Ѓорѓе Иванов свое изборно обраќање имаше и во Берово.