Инвестиција од 3 милиони денари за градинките во Општина Бутел
Костовски најави градежна експанзија на пролет, со ветување дека нема да биде заборавено ни едно населено место.

Општина Бутел инвестира 3 милиони денари за градинките. Градоначалникот Дарко Костовски информира дека целосно се опремени 10 училници, набавени се нови анатомски столчиња и масички, интерактивни табли специјализирани за деца на оваа возраст. Изградено е и игралиште, спацијализирано за децата од градинките.
Костовски најави градежна експанзија на пролет, со ветување дека нема да биде заборавено ни едно населено место. За година и пол се очекува да заврши изградбата на училиштето во Визбегово, во текот на годинава ќе почне, а следната ќе финишира и изградба на нова градинка.
Одвоени се и средства за доградба на основното училиште Ацо Шопов, а во соработка со град Скопје целосно ќе се реконструираат улиците Бутелска и Радишанска. Ќе се изгради и корито од 1 километар на реката Серава, како и нова трим-патека.
Се што беше ветено во изборната кампања, почнува и ќе биде реализирано, информира Костовски.
Марија Котовска
