свет

Протести во Мексико против убиствата на медиумските работници

26.01.2022 15:25

Последна жртва беше новинарката Лурдес Малдонадо која изјавувала дека добивала закани поради спор со политичар.

Новинари во Мексико протестираат во 28 града поради неодамнешните убиства на тројца нивни колеги и бараат да запре неказнувањето на сторителите на злосторствата врз медиумските работници. Последна жртва беше новинарката Лурдес Малдонадо која изјавувала дека добивала закани поради спор со политичар.

„Порано бевме горди и привилегирани што сме новинари, а сега професијата стана ризична. Ова не е само мој став или на мексиканскиот народ, туку и на целиот свет. Мексико е најопасната земја за новинарството“ изјави Рафаел Флорес новинар

Европската унија и Обединетите нации бараат од властите на Мексико да преземат посериозни акции за заштита на вработените во медиумскиот сектор.

Маја С. Филдишев