Земјоделство

Се зголемува прагот на минималната инвестиција

27.01.2022 08:07

Програмата има и неколку новини од кои некои се одобрени од Европската комисија, а за некои сè уште се преговара.

Со новата ИПАРД 3 програма, се планира да се зголеми и прагот на минималната инвестиција.

Програмата има и неколку новини од кои некои се одобрени од Европската комисија, а за некои сè уште се преговара. Една од поважните за производителите, е авансното финансирање.

Досега земјоделците прво требаа да ја реализираат целата инвестиција па потоа платежната агенција да им исплати најмалку 50 проценти од трошоците. Со новините уште на почетокот веднаш ќе можат да побараат половина од повратот на инвестицијата.

Европската програма за земјоделство и рурален развој ИПАРД 3 е од 2021 до 2027 година и за нашата земја е проектирана сума од 97 милиони евра. Во неа се предвидени три нови агроеколошки мерки и тоа за органско производство, за локални акциски групи и за советодавни услуги.

Последната мерка што сега се најавува е од областа на шумарството, а ќе се активира за три години.

Методија Трајков