Нед Прајс: Ако Русија ја нападне Украина Северен тек 2 нема да проработи
Гасоводот треба да го удвои количеството на гас за Германија, заобиколувајќи ја Украина која е транзитна држава.

Стејт департментот предупреди дека енергетскиот проект „Северен тек 2“ нема да проработи доколку Русија ја нападне Украина. Гасоводот треба да го удвои количеството на гас за Германија, заобиколувајќи ја Украина која е транзитна држава. Отпор кон проектот постои и во рамките на Европската унија бидејќи ја зголемува енергетската зависност на Европа од Русија.
„Сакам да бидам јасен. Ако Русија ја нападне Украина на каков било начин, Северен тек 2 нема да тргне напред. Нема да влегувам во детали. Ќе работиме со Германија за да се осигураме дека нема да мрдне нанапред“, изјави Нед Прајс портпарол на Стејт департментот
НАТО и испрати на Русија писмен одговор на нејзините барања, велејќи дека безбедносната криза во Европа може да се реши со дијалог и дипломатија. Западот не направи отстапки во однос на правењето компромиси околу основните принципи и заштитата на сојузниците. Според Алијансата, на границата со Украина и натаму се распоредуваат војници. Оружје се стационира и во Белорусија.
„Се држиме до принципот кој се однесува на политиката на отворени врати, односно секоја нација има право да си го избира патот. Загрижени сме поради континуираното зголемување на военото присуство. Но, за мене тоа не значи дека не треба да има дијалог. Тоа е аргумент во корист на почнување на дијалогот за спречување на нов воен конфликт“, изјави Јенс Столтенберг Генерален секретар на НАТО
Во Париз, дипломати од Русија, Украина, Франција и Германија одржаа маратонски разговори на кои не беа надминати суштинските несогласувања. Нови разговори се планираат се закажани за две недели во Берлин.
„Разговорите беа сложени, но се можеби првите отворени што ни дозволи да ги преиспитаме сите прашања поврзани со спроведувањето на договорот од Минск и решавањето на конфликтот. Се согласивме дека независно од несогласувањата во однос на договорите од Минск меѓу Украина и конкретни области од Доњецк и Луганск, безусловно ќе се почитува прекинот на огнот“, изјави Димитриј Козак шеф на кабинетот на претседателот Владимир Путин
„Тоа не значи дека одреден временски период нема да можат да го зголемат на доволно ниво“, предупреди вчера министерот.
„Сите индикации се дека рускиот претседател Владимир Путин ќе употреби воена сила во одреден момент, можеби до средината на февруари“, рече американскиот заменик државен секретар Венди Шерман, уверувајќи дека не знае дали тој „донел конечна одлука“ за офанзива.
Еден ден откако САД и испорачаа на Украина противтенковски ракети, минофрлачи и друго оружје, Германија беше критикувана затоа што објави дека ќе испорача на Киев 5.000 воени шлемови, но нема да обезбеди оружје.
Маја С. Филдишев
