Северна Кореја
Северна Кореја повторно истрела две ракети во море,шести пат овој месец
27.01.2022 10:23
Јужнокорејската војска соопшти дека балистичките ракети со краток дострел прелетале 190 километри и достигнале височина од 20 километри пред да паднат во јапонското море.

Северна Кореја истрелала две балистички ракети во морето, што е шеста ракетна проба во овој месец.
Јужнокорејската војска соопшти дека балистичките ракети со краток дострел прелетале 190 километри и достигнале височина од 20 километри пред да паднат во јапонското море.
Повеќекратните резолуции на ОН и забрануваат на Северна Кореја која има нуклеарно оружје да тестира балистички ракети.
