Ковид-19 во светот

Италија ги олеснува ковид мерките од 1-ви февруари

27.01.2022 10:43

На патниците ќе им треба само зелен сертификат со кој се потврдува вакцинација, прележана болест или негативен тест.

Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1-ви февруари.

На патниците ќе им треба само зелен сертификат со кој се потврдува вакцинација, прележана болест или негативен тест.

Се обновува можноста за патување во голем број странски туристички дестинации, вклучително и во Куба, Сингапур, Турција, Тајланд, Оман и Француска Полинезија.