Железнички сообраќај

И денес без патнички и товарни возови во земјава

27.01.2022 13:14

Претставници на машинскиот персонал велат дека ќе бојкотираат се до исполнување на барањата, бидејќи со одлука од ноември утврдиле дека нема да ги извршуваат работите ако платата за претходниот месец не им биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Тие и тогаш престанаа со работа поради доцнење во исплатата на платиите.

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава. Машинскиот персонал во железници транспорт започна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември.

Претставници на машинскиот персонал велат дека ќе бојкотираат се до исполнување на барањата, бидејќи со одлука од ноември утврдиле дека нема да ги извршуваат работите ако платата за претходниот месец не им биде во  целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Тие и тогаш престанаа со работа поради доцнење во исплатата на платиите.

Од македонски железници – транспорт тврдат дека штрајкот на машинскиот персонал е незаконски. Оттаму тврдат дека иако е криза и се соочуваат со намалени приходи и зголемени трошоци, тие редовно ги исплаќаат платите и надоместоците.

Оттаму потврдуваат дека е исплатен само првиот дел од платата. Претпријатието вели дека со прекинот му се нанесуиваат големи штети, а според мж-транспорт, причичините за штрајкот не е социјалниот момент, туку лична корист на машинскиот персонал.