Тренчевска: Со повисока минимална плата вработените ке имаат поголема продуктивност
Според изготвена анализа, покачувањето на минималната плата нема да има негативни ефекти врз работењето на фирмите.
Покачување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто покачување на другите плати, во спротивно, ќе следуваат работнички штрајкови, се закани Сојузот на синдикатите на Македонија, од каде што побараа итно да бидат направени потребните усогласувања. Оттаму велат – нема време за чекање, бидејќи сметките во февруари не може да се платат со минималец од 15.200 денари, колку што добиваат 110.000 работници.
Според изготвена анализа, покачувањето на минималната плата нема да има негативни ефекти врз работењето на фирмите. Напротив, работниците ќе бидат позадоволни и ќе се зголеми нивната продуктивност, паралелно со профитот на компаниите.
Со соодветното ниво на минимална плата ќе ги мотивираме вработените за поголема продуктивност, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Таа очекува, препораките и мислењата на експертите да придонесат за усогласување на ставовите за одлука согласно меѓународните искуства.
Марија Котовска
