Халими: Ќе се залагам за добри односи со сите соседи
Кандидатот на ДПА Илијаз Халими ги повика стружани да гласаат за него зошто така ќе му кажат на светот дека албанците се од „древноста“ на овие простори и дека се автохтон народ. Вели дека ќе се залага за добри односи со сите соседи...

„Косово и Албанија се наши соседни држави со кои немаме отворени прашања, ќе се залагам тоа да биде искористено за поголема соработка и за инвестиции“, рече претседателскиот кандидат на ДПА, Илијаз Халими на вечерашниот митинг во Струга.
„Велат за мене сум бил тврдоглав, не, јас сум само разумен, важно ми е владеењето на моралот, не ги правам листите на канидатите според тоа кој колку пари ќе понуди, туку колку е морален, милион евра да ми дадеа немаше да го заменам Зијат Акуси“, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Ќе прифатев 3 аргументи за да не го ставам Зијат на листа, да беше неморален, против народот, ако се продаваше или пак ако беше корумпиран, ама не е ништо од тоа, додаде тој.
Под слоганот „За претседател албанец“, ДПА ја продолжува кампањата.
Фиљана Кока
