Нуредини: Потрошувачката на кеси е намалена за 10 пати
Забележана е зголемена продажба на торби за повеќекратна употреба.

Речиси два месеца од воведувањето на забраната за користење пластични кеси, министерот за животна средина Нуредини ги објави првите податоци. Собрани над 14 милиони денари, а откако маркетите почнаа да ги наплатуваат, потрошувачката на кеси е намалена за десетпати. Забележана е зголемена продажба на торби за повеќекратна употреба.
Граѓаните со поделени мислења. Некои сметаат дека цената од 15 денари е висока, некои во ова гледаат спас од депониите со пластичен отпад.
Министерот појаснува – сè што е поголемо од 15 микрони значи дека е кесе за стоки, оние со помалку од 15 микрони се наменети за месни производи. Не е дозволено сечење на рачките на кесите, практика што се појави на терен, рече Нуредини.
Во многу земји со закон е ограничена употребата на пластичните кеси. Кај нас од 1 декември минатата година, пластичните кеси граѓаните ги купуваат по 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.
Александра Спировска
