Образование

СОНК: Владата да ја преиспита одлуката за почетокот на второто полугодие

27.01.2022 15:33

Синдикалците ги повикаа надлежните да размислат за алтернативни методи додека бројот на заразени не се намали и не се стабилизира епидемиолошката состојба.

СОНК бара владата да ја преиспита одлуката за почетокот на второто полугодие. Синдикалците ги повикаа надлежните да размислат за алтернативни методи додека бројот на заразени не се намали и не се стабилизира епидемиолошката состојба.

Според нив, потребно е во првите две недели да има онлајн, а не настава со физичко присуство. Наставниците се веќе обучени, а овој начин иако потежок, сепак е побезбеден, велат од СОНК.

Владата по препорака на комисијата за заразни болести, но и по укажувањата од УНИЦЕФ донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари, а наставата да се одвива со физичко присуство, согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така повика да се преиспита одлуката. Тие предлагаат – две недели онлајн настава за учениците од 4-то до 9-то одделение, а настава со физичко присуство од 1-во до 3-то одделение.