Само три иницијативи на ДКСК стигнале до судот во последните 20 години
Иако е донесен нов закон според кој институциите се должни информациите од јавен карактер да ги објавуваат сами, сепак според агенцијата за заштита на ова право, велат дека се почитува произволно.

Минатата година дури 30 проценти од иницијативите кои биле поднесени од антикорупционерите биле отфрлени, вели претседателката на комисијата Ивановска. Уште попогубно е што во минатите 20 години од доставените над 160 иницијативи до јавното обвинителство за кривично гонење само три стигнале до судот, додава Ивановска.
Иако е донесен нов закон според кој институциите се должни информациите од јавен карактер да ги објавуваат сами, сепак според агенцијата за заштита на ова право, велат дека се почитува произволно. За антикорупционерите е неприфатливо агенцијата да се прогласува за ненадлежна и да се остава членот да се толкува своеволно. Според новиот закон тврди Бајрами, треба да се одговори во даден рок или веднаш, но речиси никој не им одговара на медиумите веднаш. Агенцијата ги прифати сугестиите.
Антикорупционерите и агенцијата за заштита ги презентираа и остварените активности во врска со проектот промовирање транспарентност и одговорност во јавната администрација.
Фиљана Кока
