Годишно од 15 До 20.000 тони отпад од кланична индустрија
Планот е објектот да биде лоциран во општина Лозово, а обезбедени се и 9,5 милиони евра за изградба и набавка на опремата.

Со соодветни законски измени се очекува да продолжат активностите за изградба на нов капацитет за преработка на отпадот од кланичната индустрија. Планот е објектот да биде лоциран во општина Лозово, а обезбедени се и 9,5 милиони евра за изградба и набавка на опремата. Ветеринарните власти сметаат дека оваа инвестиција може да биде реализирана за две години.
На почетокот, ќе се произведуваат високоенергетски масла, а по три години ќе се почне и со производство на биопротеини.
Се работи за коски, внатрешни органи од кланици, расипани производи од месо, млеко и мрши кои може да се искористат и со преработка ќе имаат пазарна вредност. Засега е планирано од производите од отпадоците, таканаречените нус-производи ќе се искористат за производство на енергија.
Годишно во земјава остануваат околу 15 до 20.000 тони отпад од работењето на кланичната индустрија.
Методија Трајков
