Седница на собраниската комисија за насворешна политика
Денес ќе се одржи седницата на собраниската комисија за надворешна политика, на која министерот за надворешни работи Османи треба да ги образложи одговорите што минатиот декември биле испратени за барањата на Бугарија од пакетот 5+1.

Претседателот на собраниска комисија за надворешна политика Милошоски упати писмено барање до шефот на дипломатијата и очекува Османи да се појави на седницата за да пратениците бидат запознати со одговорите доставени до Бугарија и дали истите се совпаѓаат со утврдените начела на усвоената декларација за црвените линии за македонскиот идентитет и јазик. Османи по испратеното барање на 25 јануари потврди учество на седницата на комисијата за надворешна политика.
Милошоски најави дека ако МНР побара, седницата може да биде од затворен карактер, но и дека нема да се одржи ако како претставник на министерството за надворешни се појави заменик министерката Фатмире Исаки.
