Украинска криза

Макрон ќе разговара со Путин за Украина

28.01.2022 09:25

Според Елисејската палата Макрон ќе му предложи на Путин начин за смирување на украинската криза со цел да не се создаде дополнителна нестабилност.

Францускиот претседател Макрон телефонски ќе разговара со неговиот руски колега Путин за украинската криза. Според Елисејската палата Макрон ќе му предложи на Путин начин за смирување на украинската криза со цел да не се создаде дополнителна нестабилност.

Претходно САД и НАТО го отфрлија барањето на Русија да запре натамошното проширување на НАТО кон исток, но понудија како што го нарекоа „сериозен дипломатски пат“ за да се реши жестоката конфронтација меѓу Москва и западот во услови на засилување на руската војска во близина на Украина.

Марина Ристова