ЗОИ во Пекинг

Активисти за човекови права: Бојкот на ЗОИ во Пекинг

28.01.2022 09:40

Групата ги повика владите на земјите-учеснички да се приклучат на дипломатскиот бојкот.

Алијансата од 243 невладини организации и група активисти за човекови права повикаа на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг, само една недела пред инаугурацијата.

Групата ги повика владите на земјите-учеснички да се приклучат на дипломатскиот бојкот, а спортистите и патроните да не им даваат легитимитет на кинеските власти за кршење на човековите права.

Марина Ристова