Петков пред бугарскиот парламент

Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

28.01.2022 11:03

Има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.

Бугарскиот премиер Кирил Петков реферира пред пратениците во бугарскиот парламент за средбите и разговорите со неговиот македонски колега.

Мислам дека направивме добра работа овие две недели. Има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена. Организиравме календар за состаноци, а историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Четврти февруари подготвуваме заедничко чествување со Република Северна Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Најдобриот интерес на Бугарија е да имаме добрососедство, отворени граници и да се заштитени прават на бугарите, а Република Северна Македонија да е демократска земја, да ја тргне корупцијата да нема граници меѓу нас, рече Петков пред бугарските пратеници.