Сообраќај
173 санкции за возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин
28.01.2022 11:28
МВР ги засили акциските контроли по низата сообраќајни незгоди во кој жртви беа пешаци.

За само неколку часа, санкционирани 173 возачи кои не ги пропуштиле пешаците на пешачки премин.
МВР ги засили акциските контроли по низата сообраќајни незгоди во кој жртви беа пешаци. Од полицијата апелираат на почитуваме на правилата и прописите.
Повикуваат на сообраќајна култура и заеднички да се придонесе за побезбедни сообраќајници.
