Украинска криза

САД побара Советот за безбедност на ОН да заседава за ситуацијата во Украина

28.01.2022 13:06

Руското воено засилување во близина на Украина и во Белорусија под маската на вежби предизвика зголемена загриженост за можен напад.

Соединетите држави побараа јавна седница на Советот за безбедност на ОН на 31 јануари за заканувачките воени сили на Русија на границите на Украина и во Белорусија. Руското воено засилување во близина на Украина и во Белорусија под маската на вежби предизвика зголемена загриженост за можен напад. Русија пак негира дека планира инвазија.

САД и НАТО го отфрлија барањето на Русија да запре натамошното проширување на НАТО кон исток, и понудија дипломатски пат за да се реши жестоката конфронтација меѓу Москва и западот.

И покрај релативната смиреност во зоната на конфликт на истокот на Украина, војниците се подготвуваат за ескалација.

„Ултиматумот што Русија им го постави на НАТО и на сад потврдува дека тие не се подготвени за компромис или дијалог“, вели украински војник.

„Нашата морнарица не е доволно силна да издржи тежок напад. Мислам дека крајбрежјето може лесно да се заземе. Тоа е мое мислење. Сите размислуваат за можна инвазија преку Харков или Донбас, но тоа е погрешна гледна точка. Ако е неопходно нападот ќе го направат од морето“, ВЕЛИ УКРАИНСКИ ВОЈНИК.

„Имаме надежи за подобра иднина. Но, ако е потребно, ќе возвратиме. Но, навистина се надеваме дека нема да има напад“, вели украински војник

Амбасадорот на Русија во Австралија рече дека неговата земја не покажува агресија со собирање свои војници на границата со Украина.

„Нема агресија бидејќи нашите војници се на наша територија. Секоја држава има целосно право да поставува војници на својата територија кога и каде сака. Тоа е суверено право“, вели Алексеј Павловски руски амбасадор во Австралија

Марина Ристова