Петков реферира пред бугарските пратеници
Посочи дека на средбата во Софија постигнале голем напредок во повеќе области.

Од првите 8 дена на премиерска функција Ковачевски 4 помина со бугарската влада. Ова укажува на желба да се заврши работата, рече во реферирањето пред бугарските пратеници премиерот Петков. Посочи дека на средбата во Софија постигнале голем напредок во повеќе области. Потпишани се три меморандуми, вклучувајќи го и коридорот 8, кој испаднал од листата европски проекти. Ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа нагласи петков. Разговарале и за теми што се важни за Бугарија – правата на бугарите и рамковната позиција, нагласи премиерот петков.
Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на бугарите во нивниот устав. Тој не се обврза со време. Има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена. Организиравме календар за состаноци на секои седум дена. Ме радува што дури и историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели. За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со република северна Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.
Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја критикуваше владејачката партија дека само остварените инфраструктурни проекти нема да ги решат најважните прашања. Според неа, европското финансирање за коридорот 8 е загубено, а против Бугарија е организирана невидена пропаганда.
„Господине премиер, намалете го малку ентузијазмот, ќе ги дигнете многу очекувањата, а потоа ќе треба да се објаснувате со сите нас. Тоа е добронамерен совет. Многупати сме го правеле тоа. Знаете ли колку меморандуми сме потпишале, какви што вие потпишавте. Над 20, и за коридорот 8 ова е сигурно третиот. За меморандумот за малите и средни претпријатија, тоа се меморандуми кои ги потпишуваме со секој што доаѓа, но, ајде да видиме што ќе донесат. Навистина ви давам пријателски совет, тоа не е нешто што е постигнато со голем труд од двете страни а е во фокусот по медиумите и секој збор се толкува и се анализира. За нотата ве поздравувам. На неа се работеше година и пол, ќе беше завршена. Затоа е подобро да бидеме повнимателни“, рече Екатерина Захариева пратеник на ГЕРБ.
Петков пред пратениците рече дека најдобриот интерес на Бугарија е да се има добрососедство, отворени граници и да се заштитени прават на бугарите, а Македонија да е демократска земја и да ја тргне корупцијата. Се надевам, вели дека говорот на омраза ќе биде отстранет и тоа ќе биде европски принцип. Во обид да го објасни степенот на лично залагање на македонскиот премиер, петков рече дека Ковачевски, му дал број на претпоставениот на бта,посочуваќи му, доколку има вандализам, да не бара полиција, туку лично него.
