Лозјата ќе се обновуваат со пари од ИПАРД
03.04.2014 09:18
За обновување на лозовите насади на винско грозје постари од 20 и за овошните од 15 години може да се користат финансиски средства од европските фондови. Со ИПАРД фондовите се покриваат половина од трошоците за современи насади...

Лозарите и овоштарите со европски пари можат да го заменат стариот систем за наводнување, и да воведат обновливи извори на енергија.
Да инвестираат во заштитни мрежи и да постават опрема за заштита од птици.
Во овоштарството можат да добијат и пари за градба и реконструкција на објектите , за пакување и складирање на свежо овошје и простории за вработените.
За инвестицијата треба веќе да имаат сопствено производство на винско и трпезно грозје и овошен насад од најмалку 0,3 до најмногу 50 хектари.
Подршката е најмалку 3.000 до еден и пол милион евра.
Од земјоделските машини можат да се набават трактори со моќност од 82 кило вати.
Методија Трајков
