Македонија

Османи: Никој нема право да преговара по идентитетските прашања

28.01.2022 15:11

Шефот на македонската дипломатија ги повика пратениците во својот кабинет ако сакаат да се информираат до каде се преговорите со Софија.

Бидете спокојни ништо не се случува надвор од нашата заедничка резолуција донесена во собранието, со овие зборови шефот на дипломатијата Османи го резимираше својот настап пред надлежната комисија. Тој сепак не достави информации за нотата доставена до Бугарија, наместо тоа побара консензус од пратениците. Во расправата, реагираше претседателот на комисијата Милошоски кој изјави дека не може да се има доверба и праша што се преговара со Софија во пакетот 5+1, бидејќи министерот Османи не ги споделува деталите.

Османи повтори дека нема да се преговара по идентитетските прашања. За недоставената македонска нота вели не ја споделил оти се е работен документ. Кога ќе имало конкретно ќе го направел тоа. Шефот на македонската дипломатија ги повика пратениците во својот кабинет ако сакаат да се информираат до каде се преговорите со Софија. Според Николоски од ВМРО-ДПМНЕ не смее да се дозволи македонскиот јазик да стане официјален јазик на државата како што бара Софија.

Не смее да има територијализација на земјава и доколку се преговара со идентитетот настапува денационализација, вели Силјановска-Давкова од опозицијата. За Арта Биљали од ДУИ на седницата имало говор на омраза, за што повторно имаше реакции од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За Соња Мираковска, ВМРО-ДПМНЕ го сопре напредокот во државава и повторно има иста цел.

Пратениците побараа од шефот на дипломатијата во иднина да ги известува за сите преземени чекори во преговорите со Бугарија, да не се поткопаат довербата и позициите усвоени со декларацијата за македонските црвени линии.

Ирина Гелевска