Антиќ без поени, Атланта загуби од Чикаго
03.04.2014 09:24
За 10 минути на паркетот, нашиот интернационалец шутираше 0/3 од поле, имаше 1 дефанзивен скок и 1 асистенција, во поразот на Хокс од Булс (95:102), по што екипата на Македонецот ја загуби плеј оф позицијата.

За 10 минути на паркетот, нашиот интернационалец шутираше 0/3 од поле, имаше 1 дефанзивен скок и 1 асистенција, во поразот на Хокс од Булс (95:102), по што екипата на Македонецот ја загуби плеј оф позицијата.
Атланта го загуби 21-от натпревар во последните 28 средби. Најдобар поединец кај домаќините беше Пол Милсап со 22 поена и со 11 скокови. Тиг додаде 21 поен за поразената екипа, а Кајл Корвер 12. На спротивната страна, Огустин постигна 23 поени и беше стрелец број 1 на натпреварот. Чикаго има чисти 4:0 во дуелите со Атланта сезонава, вкупно 6 победи во низа со двата од минатата.
Со триумфот на Никс против Бруклин (110:81), Њујорк го презема 8 место на Истокот што е последно што води во доигрувањето. Кливленд по триумфот против Орландо (98:119) доцни со две победи, но може да се вмеша во битката за оваа позиција. Кавалирс се следниот противник на Хокс, во Атланта.
На останатите средби:
Индијана – Детроит 101:94
Филаделфија – Шарлот 93:103
Торонто – Хјустон 107:103
Вашингтон – Бостона 118:92
Мајами – Милвоки 96:77
Минесота – Мемфис 102:88
Сан Антонио – Голден Стејт 111:90
Денвер – Њу Орлеанс 137:107
Феникс – Клиперс 108:102
Сакраменто – Лејкерс 107:102
