Снежна бура во САД

Голема снежна бура во делови на САД

31.01.2022 09:27

Во Њујорк и Бостон во текот на викендот паднале над 60 сантиметри снег.

Една од најтешките зимски бури во последните години го зафати источниот дел од Сад и предизвика сообраќаен хаос и проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Во Њујорк и Бостон во текот на викендот паднале над 60 сантиметри снег.

Во сојузните држави Мериленд, Њу Џерси, Вирџинија и Њујорк е прогласена вонредна состојба. На жителите им е кажано да не тргнуваат на пат доколку не е неопходно. Илјадници летови се откажани. Во Њујорк илјадници бездомници побараа засолниште во станиците на подземната железница.

Марина Ристова