Северна Кореја
Северна Кореја тестираше ракета со среден дострел
31.01.2022 09:34
Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина.

Северна Кореја потврди дека тестирала балистичката ракета со среден дострел.
Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина. Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти.
Според државната агенција, лансирањето на ракетата било извршено за да се осигури безбедноста на соседните земји, додавајќи дека пробната боева глава била опремена со камера која фотографирала за време на летот.
Марина Ристова
