Македонија

Цените на основните прехранбени продукти остануваат замрзнати до 28 февруари

31.01.2022 09:59

Мерката почна да се применува од 6 декември лани, за определување највисоки цени на лебот, шеќерот, брашното-тип 400, сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи.

Цените на основните прехранбени продукти остануваат замрзнати до 28-ми февруари. Мерката почна да се применува од 6 декември лани, за определување највисоки цени на лебот, шеќерот, брашното-тип 400, сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи.

Десет дена подоцна владата донесе нова одлука со која беа замрзнати и цените на оризот, тестенините и јајцата. Од Илинденска тогаш соопштија дека одлуката за замрзнувањето на цените е со важност до 31 јануари, но дека таа може да биде продолжена ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.