Централен комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Централен комитет на ВМРО - ДПМНЕ, партијата ќе добие уште двајца потпретседатели

31.01.2022 10:13

Ова е дел од процесот на, како што го најавуваат оттаму, внатрешното реорганизирање.

Вечер седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски ќе излезе со имиња кои ќе бидат дел од новиот Извршен комитет на партијата. Во него ќе останат дел од актуелните членови, но ќе има и нови луѓе. Ова е дел од процесот на, како што го најавуваат оттаму, внатрешното реорганизирање.

Мицкоски најави дека ќе се зголеми и бројот на потпретседатели, од досегашните двајца партијата ќе има четворица потпретседатели. Не сакаше да открие конкретни имиња кои ќе се најдат во новото раководство, но рече дека со реорганизацијата, партијата заедно со тимот соработници ќе има, како што вели, сериозен државнички капацитет кој ќе биде алтернатива.