Конгресот на САД близу до договор за санкции против Русија
Демократски сенатор се закани со „сериозни последици“ за Москва доколку ја нападне Украина.

Американскиот конгрес е блиску до постигнување договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции против Русија.
Демократски сенатор се закани со „сериозни последици“ за Москва доколку ја нападне Украина. Додаде дека некои санкции би можеле веднаш да бидат воведени поради она што Русија веќе го направила, како што е кибер-напад врз Украина.
Иако зборуваат за единство по основа на санкциите против Русија, републиканците и демократите се повеќе поделени кога станува збор за нивното стапување во сила. Републиканците се за превентивни мерки за инвазијата, а демократите сакаат санкциите да се сметаат како закана во случај на руска офанзива против Украина.
Марина Ристова
