Македонија

Од полноќ поскапуваат цените на горивата

31.01.2022 13:13

Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за еден насто како резултат на повисоките цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.

Ново поскапување на горивата од полноќ. Од полноќ, литар бензин од 95 и од 98 октани ќе се продаваат за денар поскапо, ќе чинат 79,5 денари, односно 81,5 денари.

Повисока цена за половина денар ќе има и дизелот. Ќе се точи за 71,5 денари. Поскапува и екстра лесното масло, ќе се продава за 71 ипол денар, а мазутот за 44,722 денари.

Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за еден насто како резултат на повисоките цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.