ССМ незадоволни од средбата со Владата,во среда е најавена седницата на Економско - социјалниот совет
За ССМ е неприфатливо „ќе“ од Владата туку „кога и колку“ порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски незадоволен од исходот на средбата со владиниот економски тим.

Владата и ССМ со различни ставови по првата средба на која разговарале за барањето на Синдикалците за зголемување на минималната плата на ниво од 18.000 денари. За ССМ е неприфатливо „ќе“ од Владата туку „кога и колку“ порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски незадоволен од исходот на средбата со владиниот економски тим.
„Како Сојуз на синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „ќе“ туку, кога и колку“. Затоа сум малку револтиран од страна на односот на нашите социјални партнери,но во среда битката продолжува. Битка за работнички права во која единствена цел е егзистенција на работникот во оваа економска, ковид и енергетска криза. Во среда доколку не се исполнат нашите барања, категорично говорам, во делот за минималната плата и зголемување на сите останати плати согласно предлогот на ССМ,јавно кажувам ги повикувам работникот и македонскиот народ на штрајк каде ќе го изразиме нашето незадоволство бидеејќи со 15.220 денари нека повелат социјалните партнери нека живеат и нека си ги платат сметките за тековниот месец во февруари“, изјави Дарко Димовски претседател на Сојузот на синдикатите
Се огласи и владиниот економски тим, вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити, и советникот на премиерот Живковиќ. Владата е согласна дека треба и ќе има покачување на минималната плата и дијалогот ќе продолжи во среда со сите социјални партнери, соопшти владината прес служба.
„ Владата ќе остане конструктивен социјален партнер кој ќе охрабрува дебата и дискусија. Решението кое би било предложено треба да подразбира одржливост на подолг рок за порастот на социјалната плата, во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечната плата “, се вели во соопштението на Владата по првата средба со Синдикалците за висината на минималната плата.
Зголемувањето на минималната плата е неопходно и во што е можно пократок рок вели Тренчевска.
Седницата на Економско-социјалниот совет е најавена за среда во 15 часот.
Свето Николовски
