Здравство

Беким Сали: Состојбата е стабилна, иако се наоѓаме на врвот на новиот бран

31.01.2022 14:54

Навремено детектирање е битно за преземање на идни чекори, истакна министерот за здравство.

На стартот на второто полугодие ќе се одлучува кога и каде ќе се почне со скринингот во училиштата. Центрите за јавно здравје ќе бидат задолжени за спроведување на тестирањето. Навремено детектирање е битно за преземање на идни чекори, истакна министерот за здравство. Сертификатите засега нема да се укинат.

Министерот оцени дека состојбата е стабилна, иако се наоѓаме на врвот на новиот бран. Во болниците има слободни кревети, а кадарот е организиран, вели Беким Сали.

Сали планира надградување на Комисијата за заразни болести. Според него, ургентноста на состојбата бара да се засукаат ракавите и сите да помогнат колку што можат. Според него, не е спорно што преку социјална мрежа упатил апел до тројцата професори Даниловски, Пановски и Марковски да членуваат во Комисијата, иако тие сметаат дека ова не бил вистинскиот начин. 

Наташа Ј. Менковски